Трајанов: Можен е конфликт меѓу Украина и Русија, но НАТО нема да се вклучи

од Nikola Popovski
430 прегледи

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов смета е можен ограничен конфликт меѓу Русија и Украина, но исклучува можност да се вклучи и НАТО.

-Согласно член 5 на НАТО, не е загрозена држава членка на Сојузот. Конфликт НАТО-Русија би бил со катастрофални последици по светот, но сметам дека до тоа нема да дојде, вели Трајанов во емисијата „24 анализа“.

Според него, нашиот став треба да биде исправен, доколку настојуваме да се дојде до политичко решение на кризата на тамошната граница и тоа треба да го форсираме.

-Сум бил во Украина. Тоа е голема држава, која е пријателски настроена кон македонскиот народ. Имам добри впечатоци од посетата таму, информира Трајанов.

Слични содржини