307
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално потврди дека ќе игра на турнирот во Дубаи.
Турнирот од серијата 500 ќе се одржи од 21 до 26 февруари, а на сајтот на Ѓоковиќ беше поставен како прв следен на кој ќе игра српскиот ас.
Ѓоковиќ, кому Австралијците не му дадоа виза и не ја брани титулата на Австралија опен, во кариерата пет пати го освојуваше трофејот во Дубаи (2009, 2010, 2011, 2013, 2020 година).