Во затвор почина Ќерими, осуден на доживотна казна во случајот „Алфа“

од Берта Китинска
462 прегледи

Во затворска ќелија доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

Од МВР потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово.

Случајот „Алфа“ произлезе откако во 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, животот го загуби албанскиот полицаец од единицата Алфа, а двајца негови македонски колеги со кои бил на патрола беа повредени.

Убиството на полицаецот Африм Арифи,се случи на 26 ноември 2008 година. Со него повредени беа уште двајца полицајци, Саше Петровски и Едвард Алексовски. Во 2010 година судот ги осуди Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дерпланин на доживотен затвор додека Рамадан Шаќири беше на 9 години затвор за логистика. Барањата за вештачење на материјалните докази во земјата добија негативни одговори од институциите, чие образложение беше дека не поседуваат соодветни техники за такво вештачење.