СДСМ: Освен поставување мобилни тоалети и нивелирање на шахта, Арсовска ништо друго не сработи

од Берта Китинска
219 прегледи

СДСМ во нивното соопштение тврдат дека денешната посета на К. Вода од страна на градочалничката на градот Скопје, Данела Арсовска траела само 15 минути по што додаваат:

– Данела Арсовска како во цело Скопје така и во Кисела Вода досега не спроведе ниту еден свој проект, но тоа не ја спречи денеска повторно да ги лаже граѓаните на Кисела Вода. Наместо работен состанок посетата на Арсовска денеска траеше само 15 минути, по што градоначалничката и градоначалникот Ѓорѓиевски излегоа од големата сала и се затворија во кабинетот на градоначалникот. Каков менаџер е Арсовска говори салата „Расадник“ овде во Кисела Вода со која таа стопанисуваше со години. Долг за струја од 54.000 евра, нереновиран покрив, паркет и соблекувални е резултатот од менаџирањето на Арсовска со „Расадник“. Овде во Кисела Вода, Арсовска ја прекина и изградбата на булеварот Борис Трајковски кон населба Драчево. Освен поставување мобилни тоалети и нивелирање на една шахта, Арсовска ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот, соопштуваат од СДСМ.