Ќерими починал на пат кон Клиничкиот центар

од Берта Китинска
394 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за смртта на Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор во случајот „Алфа“.

„На 27.01.2022 околу 00:20 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека на пат кон клиничкиот центар, во возило на Затворската полиција починал осуденикот 52-годишиот Ќ.Р. од село Опае, кумановско. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на семејството“, соопштија од МВР.

Ќерими е осуден за убиство на полициски службеник на паркингот кај ПМФ во 2008 година.