193
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (27 јануари) од 14 до 17 часот, презеле вкупно 26 мерки (ТЕ-22 и ГВ-4) против возачи кои не им дале предност, односно првенство на пешаци.
Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 7 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.
-СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и повторно апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија од полицијата.