ДКСК: За 20 години само три иницијативи завршиле на суд

од Nikola Popovski
214 прегледи

Претседателката на Aнтикорупциската комисија, Билјана Ивановска денеска изјави дека за 20 години работа на тоа независно тело „само три иницијативи за кривично гонење завршиле на суд“.

„За 20 години Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) до Јавното обвинителство поднесе 165 обвинителни иницијативи, од кои само три завршија на суд. Тоа е многу малку“, рече Ивановска на прес-конференција.

Според неа, треба да се зајакнат капацитетите на Јавното обвинителство за да може антикорупциските предмети да се проследат до судовите.

Ивановска изјави дека во последните три години, откако е на чело на ДСКС, до обвинителството се поднесени 18 иницијативи за кривично гонење, а за шест досега добиле одговори.

„Две иницијативи се отфрлени, во две е сменета фактичката состојба, а по две постапува обвинителството. Сметам дека јавното обвинителство треба да ги зајакне своите капацитети и да работи поекспедитивно“, рече Ивановска.

Слични содржини