Сити со понуда за Дибала

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Битката за потписот на Пауло Дибала е се пожестока. Како што е познато, договорот на Аргентинецот истекува на лето и тој сега може да преговара со други клубови и да потпише преддоговор. Ова е причината поради која редот на тимови кои сакаат да го имаат во своите редови е се поголем. А сега на него се приклучи и англискиот шампион Манчестер Сити, тврди „Газета дело спорт“.

Досега интерес за Дибала имаше од Интер, Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Сепак, Манчестер Сити може да биде пред своите ривали. Наводно „Граѓаните“ веќе стапиле во контакт со агентот на фудбалерот и му дале многу сериозна понуда. Желбата на Сити е да потпише со Дибала до 2026 година, а му понудија солидна плата од 10 милиони евра годишно.

Засега ова е најдобрата понуда до Дибала од сите засегнати страни. И Јувентус прави се за да го задржи 28-годишниот фудбалер, но последната понуда на „бјанконерите“ беше многу помала од онаа на Мен Сити. Беше за плата од 7 милиони годишно плус бонуси, а времетраењето на договорот беше до 2025 година.

Така, иднината на Дибала останува прилично неизвесна. Од почетокот на сезоната тој е водечки стрелец на Јувентус со 11 гола на 22 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини