СВР Тетово вечерва информира дека две куќи во Тетово биле зафатени од пожар во населбата Култок. Како последица на тоа, со повреди се здобил сопственикот на едната куќа, по што бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.
Огнот бил под контрола од пожарникарите за околу еден час.
Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека првично биле испратени четири возила.
Засега не се знаат причините за пожарот.