Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази загриженост за последните случувања во нашата земја, поврзани со „постапки на функционери кои создаваат негативни ставови во јавноста и кои се во спротивност со позитивната клима создадена од активните напори на владите на Бугарија и Северна Македонија“.
Ова се наведува во соопштението на бугарското МНР, објавено на нејзината веб-страница.
„Денови по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Северна Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во конфликт со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Ваквите дејствија не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. на меѓусебна доверба. Ги повикуваме одговорните фактори во нашата соседна земја да покажат политичка зрелост и да дадат конструктивен придонес во тековниот процес за враќање на меѓусебната доверба“, се вели во соопштението.