Докторот Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје смета дека се уште овој бран на Ковид-19 не е завршен.
-Дали ќе имаме повисоки бројки зависи од обемот на тестирање кај што се прави на дневно ниво. Доколку не е доволен, нема да имаме толку високи бројки. Имаме уште еден одреден период до пикот на овој бран, смета Мехмедовиќ во изјава за ТВ Канал 5.
Според него, можно е да се надмине црниот рекорд од 2300 новозаразени.
-Не се исклучува. Се уште бранот не е завршен. Оние кои ќе завршат во болница со омикрон не се баш толку лесни случаи. Искуството од светот покажува дека многу мал број од нив имаат потреба од кислородна поддршка, иако јас вчера бев во ковид-центарот на Кожната клиника и таму луѓето имаат потреба од такво нешто, а некои и од максимална кислородна поддршка, информира д-р Мехмедовиќ.