Нови КОВИД-БРОЈКИ: 1837 позитивни, од нив 246 се заразиле по втор пат

од Nikola Popovski
168 прегледи

Најновиот ковид-пресек покажува 1837 случаи на коронавирус од направени 6647 тестови. Според Министерството за здравство, регистрирани се и 85 оздравени пациенти.

Билансот на новозаразени по градови изнесува: Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица – по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија – по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани – по 29, Ресен – 22, Струга и Делчево – по 21, Крива Паланка – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Валандово – 13, Македоснки Брод – 7, Пробиштип и Кратово – по 6, Виница – 4, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.

Оздравените пациенти се од Берово – 26, Скопје – 22, Кочани – 13, Пехчево – 12, Тетово – 6, Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19.

Слични содржини