На 29.01.2022 во 23.30 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Скопје удрилo во канделабра. По незгодата, Д.А. и неговата сопатничка А.А.(44) од Скопје биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од страна на доктор им биле констатирани повреди; информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.