Мицкоски: Опцијата за водење на Македонија во иднина е ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
251 прегледи

„Опцијата за водење на Македонија во иднина е ВМРО-ДПМНЕ. Нормално дека оваа реалност политичка која што е сега во државата не очекувам уште долго време да биде ваква каква што е. Нормално тоа зависи и од нас, како ние во периодот што следи ќе се поставиме“, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната обука на тема „Политички кампањи и целите на женските организации” организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата „Jarl Hjalmarson“.

Мицкоски во текот на своето обраќање рече дека денес во Македонија има корумпирани политичари кои што поддржуваа политичари кои што за жал ја заробија државата. Политичари кои што на милитантен начин тоа што не им успеа пред неколку децении сега им успева од внатре од системот да ги уриваат институциите. Вработените во тие институции кои што тие ги водат се целосно демотивирани. Тие институции немаат дисциплина, комплетно се финансиски и материјално се уништени, заробени од страна на претставниците на власта.

„За суштинските прашања кои што денеска се главен предизвик за Македонија и за граѓаните во Македонија без разлика на нивната етничка припадност главните би рекол промотори или главните експоненти на власта се претставниците на ДУИ. Кога станува збор за економијата, кога станува збор за енергетиката кои што се главен предизвик тука се Крешник или Фатмир. Кога станува збор за национални теми, кога станува збор за евроинтегративниот процес тука се Али, Артан и Бујар. Но, кога станува збор за притисок и мобинг врз ВМРО-ДПМНЕ, врз македонскиот народ тука се Оливер, Вилма, Љупчо и останатите. Од прилика таа е реалноста во која што ние живееме“, појасни Мицкоски.