Привршува дебатата за гласање доверба на грчката влада

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Се очекува грчките пратеници да гласаат за недоверба на владата на Кирјакос Мицотакис, по барање на опозицијата. Дебатата продолжува и денеска.

Опозицијата повика на гласање недоверба поради снежниот хаос во Атина и блокирањето на илјадниците возачи на автопатиштата, но се разговара за сите главни сектори на владината политика.

СИРИЗА бара итна оставка од владата на конзервативната Нова Демократија поради високиот број на загинати од пандемијата, кој достигна 23.000. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас ја обвини владата дека лаже за да избегне преземање одговорност за справување со националните кризи.

Социјалистите бараат промена на социјалната политика и најавуваат зголемување на невработеноста и осиромашување на Грците како резултат на високите цени на струјата и основните потреби.

Националистите од партијата „грчко решение“ изјавија дека владата има целосно „погрешна и штетна надворешна политика“, повикувајќи ја Грција да не учествува во евентуална воена интервенција во Украина.

Расправата завршува вечерва, по што ќе се гласа за доверба.

Слични содржини