Министерството за внатрешни работи информира дека вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
-За време на контролите казнети се вкупно 474 возачи, од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 161 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 313 надвор од населено место, велат од МВР и најавуваат и во наредниот период засилени сообраќајни контроли со цел да се зголеми безбедноста на улиците и патиштата, соопштија од МВР.