Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Елинската Република , Н.Е. Русос Кундурос. На истата акцентот беше ставен на добрососедските односи помеѓу двете држави и за можностите за продлабочување на долгогодишната соработката во областите од заеднички интерес..
– Денеска остварив средба со амбасадорот на Елинската Република, Н.Е. Русос Кундурос, на којашто акцентот беше ставен на добрососедските односи помеѓу двете држави и за можностите за продлабочување на долгогодишната соработката во областите од заеднички интерес. Борбата против криминалот, меѓуграничната соработка и сузбивањето на други видови криминал се дел од областите за кои постои интерес за проширување на соработката, што секако ќе придонесе за уште поголемо интензивирање на односите меѓу двете соседни земји, изјави Спасовски.