Германски „Билд“ како ударна вест објави дека еден од најдобрите светски фудбалери Килијан Мбапе ќе стане играч на Реал Мадрид.
Угледниот германски весник објави дека е постигнат договор меѓу Реал и Мбапае и ќе биде објавен по дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ и дека Французинот од лето ќе стане член на шпанскиот шампион.
Мбапе доаѓа како слободен играч, но неговата бруто плата ќе изнесува баснословни 50 милиони евра по сезона, што значи дека Французинот ќе заработува 25 милиони.
Така се чини дека заврши трансфер сагата која трае во последните неколку преодни рокови.
ПСЖ сакаше да го задржи Мбапе, но францускиот репрезентативец не сакаше да го продолжи договорот, иако според бројни информации имал многу подобра понуда, па парижаните ќе останат без играч и без обештетување.
На Монако му платија 180.000.000 евра, а неговиот договор изнесуваше 25.000.000 евра годишно нето.
Летово можеа да наплатат за продажба на Мбапе, но упорно одбиваа со надеж дека тој ќе се предомисли и сепак ќе се согласи на нов договор. Му понудија одлични 45.000.000 евра нето по сезона до летото 2024 година, но тој одби.