ССМ: Не сме задоволни од денешната средба со Владата

од Берта Китинска
339 прегледи

Доколку во среда не бидат исполнети барањата на синдикатот, ќе се организира штрајк, кажа денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски

-Не сме задовлни од денешната средба со владата.Единствена светла точка е што во среда е закажан Економско-социјалниот совет на кој ќе се одлучува за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останти плати и за враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор.Ние како синдикат не го прифаќаме зборот „ќе“ туку „кога“ и „колку“.Во среда продолжува битката за работничките права , кажа Димовски.

Слични содржини