Експерти: Второто полугодие да започне онлајн, не ни е потребен уште еден бран

од Берта Китинска

Владата минатата недела одлучи второто полугодие во основните и средните училишта да почне утре со физичко присуство на учениците. Во пресрет на продолжението на учебната година зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава.

Доктор Никола Пановски во изјава за „Локално“ коментира дека најдобро е да се одложи второто полугодие, додавајќи дека ако бројот на нови случаи континуирано опаѓа, да се продолжи децата да не носат маски.

-Мојот став е да се одложи почетокот до 15 февруари,било со онлајн настава, било без настава која би се надополнила во месец јуни. Тоа беше став на сите учесници на трибината одржана од Детската Амбасада Меѓаши пред три дена. Ако до 15.02. бројот на нови случаи континуирано опаѓа, да се продолжи учебната година без задолжително носење на маски. Ова за маскиве е мој став, на трибината мнозинството беше маските да останат, смета Пановски.

И имунологот Вело Марковски е на ист став дека второто полугодие треба да започне со онлајн настава. Според него евидентно е од крајот на месец декември и почетокто на јануари се месеци каде има голем број на заразени со горнореспираторни инфекции.

-Грипот има карактеристична клиничка слика и без разлика на резултатот од брисовите, со карактеристичната слика која до сега не е појавена кај никоја друга болест, може да се заклучи дека имаме голем број зарзени со грип. Дали може да се прогласи епидемија со сезонски грип не можеме да кажеме без тетсирања за него на сите со респираторни инфекции, со што би имале реална слиак за епидемиолошката состојба. Би знаеле каков е односот на заразените со омикрон варијантата наспроти сезонскиот грип. Бидејќи грипот пред се е болест на децата, и децата понатаму ќе го шират, во вој период на истрошен, амортизиран здравствен систем не ни е потребен уште еден бран. За среќа зимскиот распуст почна на самиот почеток на овој бран, и сосема исправна беше одлуката за продолжување на распустот. Епидемиите со сезонскиот грип траат 6-8 недели, и потоа се повлекуваат парадоксално без да ги опфатат сите. Затоа е добро сега во месец февруари да се оди со онлајн настава. Очекувам дека до крајот на февруари ситуацијата со сезонскиот грип да се смири, и од март децата ќе можат да одат на настава со физичко присуство, објаснува Марковски за „Локлано“.

Владата на 26 јануари по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

СОНК во четвртокот побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство, со оценка дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.

Б.М.

Слични содржини