Градоначалникот на Прилеп одбил да се појави на настан со Ковачевски, иако бил уредно поканет

од Nikola Popovski
257 прегледи

СДСМ обвинува дека е срамно и скандалозно однесувањето на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, откако уредно поканет не се појавил на денешниот настан со премиерот Димитар Ковачевски.

-Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ наместо да го осуди ваквиот потег, дополнително лаже дека наводно не бил поканет. Тоа што не се појави на промоција на капитална инвестиција за Прилеп, доволно кажува за лажната грижа на градоначалникот Јовчески за Прилеп и прилепчани. Освен што не работат ништо градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат настани на Владата и сето тоа на штета на своите општини и своите сограѓани, велат од владеачката партија, додавајќи дека секојдневно се потврдува дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување.

Слични содржини