Ангелов: Треба да се бориме Македонците во Бугарија да си ги остварат своите права

од Nikola Popovski
352 прегледи

Двојни стандарди на бугарската држава и влада и огромно лицемерие е фактот што тие бараат од нас Бугарите кои се многу малку во Македонија, да бидат дел од нашиот Устав, а од друга страна не ги признаваат здруженијата на граѓаните во Бугарија, кои имаат правосилни пресуди во нивна корист, вели директорот на ЦУК и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, услов за внесување на Бугарија во македонскиот Устав е Софија во најмала рака да ги признае барем здруженијата на македонски граѓани.

-Македонци во Бугарија имало и ќе има. Треба да се бориме да си ги остварат нивните права, бара Ангелов и потенцира дека преговорите со нашиот источен сосед треба да продолжат и понатаму.

Слични содржини