Маричиќ: Внесувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот да биде пред нашето членство во ЕУ

од Nikola Popovski
195 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ појасни дека Владата не гледа проблем од вметнувањето на Хрватите, Црногорците и Бугарите во македонскиот Устав.

-Одамна бараат овие три малцинства. Подготвени сме да разговараме и не гледаме проблем во однос на малцинствата што веќе сме ги ставиле и ги имаат нивните права. Сметам дека ова треба да се случи пред нашето членство во ЕУ, како работа на нашиот систем, рече Маричиќ во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител, додавајќи дека кога и како ќе се случи тоа, допрва ќе се разговара.

Во однос на средбата на дел од Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот смета дека тој настан не треба да биде тридимензиониран.

-Не претставува вид на заострување на односите. Не бегаме од битните прашања. Сите треба да се потрудиме и да ги менаџираме потенцијалните тензии. Ние сме во постојана комуникација со бугарското МНР и сите правиме напори за да успех. Во моментов битна ни е патеката на работните групи, информира Маричиќ.

Слични содржини