Герасимовски: Сите општини ќе треба да прават ребаланс на буџетите поради повисоката цена на струјата

од Nikola Popovski
198 прегледи

„Кога се планираа буџетите на општините во октомври и ноември, не планиравме толкаво зголемување на цената на електричната енергија. Верувам дека сите општини ќе треба да прават ребаланс на планираните средства за електрична енергија“, кажа градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека општините доставиле барање до Владата за намалување на таксите и владата излегла во пресрет со ниво намалување со цел ублажување на последиците од енергетската криза.

„Сите општини ќе треба да планираат поголеми буџети и со ребаланс да обезбедат поголеми средства за електрична енергија. Ќе кратиме од дтуги работи за да ги покриеме овие трошоци“, рече Герасимовски.

Тој додаде дека најдобра мерка за помош од Владата на општините ќе биде субвенционирање за електричната енергија на улилиштата и градинките, кои се јавно добро.

Слични содржини