Дали знаете зошто привлекувате погрешни мажи?

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Дали понекогаш се чувствувате како вистински магнет за погрешни мажи?

Под погрешни мислиме на тој токсичен вид, кој малку ви го загорчува животот и ве остава со скршено и уништено срце. Факт е дека многу жени едноставно ги привлекуваат мажи кои не се за нив. Да бидеме кристално јасни – овие мажи се сè освен оние со кои имате можност да бидете среќни.

Па повторно, мора да има нешто што ги тера да се „лепат“ за вас? Невозможно е се да е само случајност. За да знаете каде грешите и што потенцијално треба да поправите во себе, еве листа на причини зошто ве привлекуваат токсични мажи:

ВАШАТА САМОДОВЕРБА Е ПРЕНИСКА

Кога некој има ниска самодоверба тоа се гледа. А ако не се сакате доволно, таквите момци не чувствуваат потреба ниту да ве сакаат. Ако не се цените доволно себеси, многу лесно можете да станете жртва на нечија отровна љубов. Жените со висока самодоверба се недостижна категорија за таквите мажи, поради што ги избираат оние кои мислат дека не заслужуваат подобро.

ВИЕ СТЕ ПРЕЉУБЕЗНИ

Вашата љубезност и вашата учтивост се квалитетни карактеристики, но тие се и нешто што многу лесно ќе го искористат погрешните мажи. Тие се луѓе кои знаат дека не сте некој што ќе се жали на нивното однесување, но и дека нема да им возвратите со иста мерка. Ако сте премногу фини и никогаш не се залагате за себе, ќе им покажете дека сте подлога што можат да ја газат како што сакаат.

ПРЕМНОГУ СТЕ ЕМПАТИЧНИ

Токсичните момци својата совршена „жртва“ ќе ја најдат во девојка која е премногу емпатична. Ако е подготвена трпеливо да слуша сè за неговите проблеми, а не да го осудува, тој до себе гледа идеална личност за олеснување на душата и совеста, но не и партнер. Иако емпатијата е добра особина, важно е да знаете дека не треба да се трудите да им помогнете на сите, ниту да имате разбирање за сите.

ПРЕМНОГУ РОМАНТИЧНО ГЛЕДАТЕ НА КОНЦЕПТОТ ЗА ЉУБОВТА

Романтичните слики на љубов во вашата глава се оние кои можеби се најпроблематични за вас. Ако мислите дека вашата љубов може да помести планини, и дека може да ја залечи секоја рана и да го поправи секој „скршен“ маж, навистина се лажете. Кај мажите гледате ранети ѕверови, кои во вашата глава се претвораат во принцови, но во реалноста не е така. Едвај кога ќе отстапите од оваа идеја, ќе ве напуштат.

ПРЕТХОДНО СТЕ СЕ РАЗОЧАРАЛЕ ВО ЉУБОВТА

Ако имате тенденција да привлекувате погрешни момци, голема е веројатноста дека некој ви го скршил срцето во минатото. Не е лесно да се излечи срце кое страда од љубов, а токсичните мажи едноставно можат да „намирисаат“ такви работи. Тие знаат дека можат да го искористат фактот дека моментално сте ранливи и дека ви треба некој да каже неколку зборови за утеха. Сепак, на крајот, вашето срце не е излечено, туку смачкано на уште помали парчиња.

Слични содржини