Земон: Не е спорно Бугарите да влезат во нашиот устав зошто тој е ѓраѓански

од Берта Китинска
263 прегледи

Поранешниот пратеник Рубин Земон во емисијата „Студио 10“ смета дека Бугарите треба да влезат во нашиот Устав затоа што тој е граѓански, но и дека треба да се направи договор за заштита на македонско малцинсво во Бугарија.

– Не е спорно Бугарите да влезат во нашиот устав зошто тој е ѓраѓански. Особено член 2 од каде произлегува дека сувереноста произлегува од ѓраѓаните. Не е како што рече Радев дека е мултиетнички. Никаде во извештаите нема спомнато за проблеми на бугарското малцинство, треба самите ѓраѓани да се обратат, мислам на Бугарите во Македонија. Уставот е за граѓани. Нашиот устав е произлезен од мировен договор, Охридскиот. Реципроцитетот произлегува од 15 век. Тој треба тогаш да е за сите заедници, а може само да се бара кога ќе се потпише заштита на македонско малцинсво во Бугарија и бугарско малцинство во Македонија. Ние немае билатерален договор за заштита на македонско малцинсво во Бугарија, изјави Земон.