Сè уште не е вистинското време да се донесе конечна одлука, изјави Том Брејди, најдобриот американски квотербек во историјата, по повод потенцијалното пензионирање.
Минатиот викенд ESPN ја шокираше светската спортска јавност со информацијата дека 44-годишниот Брејди, моментално член на Тампа Беја и седумкратен победник на Супербол во историјата, решил да се збогува со спортот со кој владееше во последните две децении. .
Меѓутоа, во исто време се појавија и спротивни информации, па после се проговори и самиот Брејди.
– Се уште го поминувам целиот процес. Не сакам да брзам во сè и не сакам да донесувам ненадејни одлуки. Сепак, се работи за нешто неверојатно важно за мене. Кога ќе почувствувам дека е вистинското време, тогаш ќе го кажам својот конечен суд – изјави Брејди, кој 20 од 22 сезони во НФЛ ги мина во Њу Ингланд Патриотс, додека во пролетта 2020 година премина во Тампа Беј.
Со Њу Ингланд освои шест шампионски титули (2001, 2003, 2004, 2014, 2016 и 2018) и играше Супербол уште три пати (2007, 2011, 2017). Во Тампа Беј, пак, лани освои една титула.
Брејди во текот на својата кариера пет пати ја освојуваше наградата за најкорисен играч на Суперболот, а поседува и три награди за МВП на сезоната.