Џејк Пол: Подготвен сум да влезам во ринг со Хабиб

од Vladimir Zorba
439 прегледи

Американската јутјуб ѕвезда Џејк Пол се почесто кажува дека сака да се префрли во кафезите на УФЦ и да го напушти боксот, со кој почна сериозно да се занимава во последните неколку години, а зад себе има веќе пет победи.

Неодамна, основачот на тимот на Eagle FC, легендарниот Хабиб Нурмагедов изјави дека вратата е отворена за Пол доколку сака да работи во неговиот тим, но јутјуберот ги демантираше наводите на Дагестанецот за „MMA Hour“.

– Не е точно дека Хабиб ми понудил договор. Никогаш ништо не ми понудија. Eagle FC никогаш не ни организирал настан. Ако ризикувам да се префрлам на ММА, треба да ми понудат повеќе пари отколку што заработувам во боксот. Луѓето треба да смислат 25 или 35 милиони долари само за да започнат разговор со мене, рече Пол.

А потоа Пол почна со благи провокации, па рече дека е подготвен лично да се бори со Хабиб.

– Би се борел со Хабиб во ММА, доколку сакаат да дадат таква понуда. Тоа би било возбудливо, особено ако имам повеќе време за подготовка. Тоа би бил огромен натпревар. Веројатно би продале милион или два милиони PPV, а јас само треба да работам на моите вештини во борење. Во стоечка позиција можам да го надбоксувам, изјави Пол.

Слични содржини