Она што мислам дека ја отежнува и ќе ја отежнува работата на Историската комисија и ќе ги обременува вкупните билатерални односи независно што направивме вкупно пет комисии, освен историската, е реториката која се слуша од време навреме од членови на Историската комисија од Софија, кои на дневна основа се обидуваат уште пред да се сретнат со своите македонски колеги да наметнат како треба да биде решението во работењето на таа Комисија, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по седницата на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање.
Шефот на државата уапти совет до членовите ма комисијата: „Помалку зборување по медиуми, помалку прејудицирање на исходот од работата на таа Комисија, а повеќе конкретни резултати, но само низ рамноправен дијалог со нивните македонски колеги“.