На денешната трета седница Уставниот суд на дневниот ред ќе ги разгледува три иницијативи и едно барање за заштита на права и слободи, како и еден предлог за одлучување по еден предмет.
Уставните судии ќе го разгледаат и Барањето за заштита на слободи и права поднесено од проф. д-р Тања Каракамишева од Скопје, кое се однесува на Преспанскиот договор.
Според подносителката на Барањето, повредено е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата од член 110 став 1 алинеја 3 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи.
Подносителката смета дека повредата на горенаведените права била направена со дејството потпишување на поединечен акт, односно потпишување на „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна“ Грција претставувана од министерот за надворешни работи Никос Коsијас и „Втората страна“ (безимена држава) претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.