Тупанчески: Министерот не е судија и обвинител, не може да врши притисок

од Берта Китинска
215 прегледи

Министерот не е судија и обвинител, но Министерството мора да обезбеди услови за работа. Постојат можности. Јас ќе продолжам со политиките на претходниот министер и тоа ќе биде надградено. Има сфери каде што треба промптно да се интервенира, вели министерот за правда Никола Тупанчески во Утрински Брифинг.

Има истраги кои траат со години и се има впечаток дека се чека на нивно застарување, иако Обвинителството ќе рече дека немаат доволно луѓе.

-Министерот не може да врши притисок. Никој не може да ме убеди дека нема обвинител кој не погрешил. За тоа води сметка Советот на јавни обвинители. Обвинителот треба да го каже она што го има во судница, но Обвинителството не смее да биде затворено за јавноста, треба да кажат што сработиле. Нивната работа е мерлива. Ќе треба да се сменат некои работи оти јавнообвинителската работа е правораздавање, вели Тупанчески.

Слични содржини