Таман мислев дека владата ја напуштила оваа некорисна идеја, оп ете ти нова влада со истата идеја, коментира на својот Фејсбук профил, др.Харис Бабачиќ .
-Објавување на резултати од испитувања на граѓани и пациенти јавно на веб сајт, уште па со адреса на живеење, е неприфатливо за било која болест, па и за оваа. Неетички е и нема да има корист од тоа. Исходот од оваа одлука ќе биде јавно жигосување, огромна стигма и дополнително одвраќање на граѓаните да се тестираат.Доколку ДСЗИ имале проблем со доставување на решенија за изолација во печатена форма, тоа можеле многу лесно да го решат со софтверско решение каде корисникот на безбеден сајт ќе се логира со корисничко име и лозинка за да го добие резултатот и решението автоматски а да приватноста му биде заштитена.Се надевам дека и оваа влада ќе се вразуми и ќе ја повлече одлуката…, пишува Бабачиќ.
Според одлуката на владата името, презимето и адресата на која ќе се спроведува изолацијата на сите граѓани што ќе добијат позитивен резултат на ПЦР-тестот во било која овластена лабораторија во државава, ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
-Наместо со печатење хартии, доставување на решенија за изолација споровозно, нешто кое што им одземаше и време и ресурси на здравствените инспектори, од денеска на сила стапува нов начин на доставување на решенијата за изолација. Ќе се смета дека од моментот кога името презимето и адресата на граѓанинот позитивен на ковид-19 ќе биде објавено на страницата на ДСЗИ, тој го примил своето решение за изолација. Новиот начин на доставувањето на решенијата за изолација, информираа од владата.