Сари разочаран, сака да си замине од Лацио

од Vladimir Zorba
370 прегледи

И додека најголемите ривали се засилуваа, потрошија десетици милиони евра, Лацио во зимскиот преоден рок успеа да го доведе само Кабрал од Спортинг Лисабон, што го разбесни Маурицио Сари, тренерот на Римјаните до таа мера, што сака да го напушти клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека Сари е разочаран што клубот не успеал да ангажира ниту еден играч за кој докажаниот стручњак бил заинтересиран.

Сари бараше тројца искусни играчи на кои може да смета веднаш, со цел да ја прошири ротацијата и да најде адекватна алтернатива за Чиро Имобиле во самиот шпиц на нападот.

Клаудио Лотито, газдата на Лацио, не се грижеше премногу за желбите на тренерот; го донесе само Џовани Кабрал, кој игра на крилните позиции, места каде Лацио е добро пополнет.

Италијанските медиуми тврдат дека поради беспомошноста на Лотито и незаинтересираноста за пазарот во зимскиот преоден рок, Сари е решен да го напушти клубот на лето и покрај вербалниот договор за продолжување на соработката во следните неколку години.

Сари смета дека со сегашниот состав не може да се избори за место во Лигата на шампионите следната сезона. Лацио е осми по 23 кола и се чини дека не може многу да напредува на табелата до крајот на натпреварувачката година.

Слични содржини