Турција тврди дека 12 мигранти замрзнале до смрт потиснати од грчките гранични единици (ВИДЕО)

од Milan1
279 прегледи

Најмалку 12 мигранти денеска починале од смрзнување во турскиот град Едрене долж границата со Грција, откако грчките власти наводно ги потиснале назад, соопшти турскиот министер за внатрешни работи.

– Дванаесет од 22 мигранти потиснати од грчките гранични единици, на кои им биле соблечени облеката и чевлите, се смрзнаа до смрт, напиша Сулејман Сојлу на Твитер, споделувајќи фотографии од тела во близина на, како што рече, граничниот премин Ипсала.

Според локалната метеоролошка агенција, температурата во Ипсала беше 2 Целзиусови степени со дожд.

Како што јави ДПА, автентичноста на сликите не можела да се потврди од независни извори. Националноста на жртвите сè уште не е позната.

Едно лице е хоспитализирано додека во областа се трага по други на кои им е потребна помош, соопшти одделно канцеларијата властите на Едрене.

– ЕУ е неизлечива, слаба и лишена од човечки чувства, напиша Сојлу и ги обвини грчките гранични единици дека се „насилни кон жртвите, а толерантни кон ФЕТО”.