Бугарскиот историчар Димитар Атанасов го поздрави заедничкото чествување на Гоце Делчев кое ќе се случи во петок на 4-ти февруари.
-Добар чекор е заедничкото чествување на Гоце Делчев. Со него ќе се придвижиме и кон започнатиот дијалог, затоа што до овој момент имавме две традиционални историски приказни, вели Атанасов во линковско јавување за емисијата „Топ тема“.
Според него, ниту Македонија, ниту Бугарија се борат за промена на границите.
-Имаме заеднички цели и сакаме отстранување на националната реторика. Сепак сакам да нагласам дека додека се бориме тука за тоа чив е Делчев или Прличев, нашите граѓаните заминуваат. Со тоа што се обидуваме да докажеме дека Делчев бил 100% Бугарин или 100% Македонец, нема да задржиме никој. Сите ќе си отидат, апелира Атанасов.