261
Намаз од туна со додавање на лут ајвар.
Состојки:
– 1 конзерва туна на парчиња
– 2 лажички павлака
– 3 лажички лут ајвар
– 2 лажички магдонос
– 1 лажичка сок од лимон
– 2 лажички кромид
– бибер, сол
Подготовка:
Добро исцедете ја туната и исечете ја на парчиња.
Додадете магдонос, сок од лимон и ситно сечкан кромид.
Потоа додадете павлака, лутиот ајвар и бибер и сето убаво измешајте.
Покријте и ставете го во фрижидер 30 минути.
Послужете ладно на испечен леб.
Добар апетит!