Рецепт за „лажен“ ајвар: Направете го вашиот омилен намаз за 30 минути

од Stefanija Kuzmanovska

Ајварот е еден од најпопуларните намази на целиот Балкан.

Главната состојка е црвената пиперка, но има различни сорти со додавање на модар патлиџан, лути пиперки и лук.

Неговата подготовка може да трае со часови. Затоа, доколку сакате да имате домашен ајвар кој ќе го јадете веднаш, пробајте го овој рецепт.

Состојки:

-црвена пиперка
-масло
-лук
-сол
-други зачини по желба

Подготовка:

Пиперките за ајвар најчесто се печат на скара или во рерна, но најбрзата опција е да ги испечете пиперките во тава. Ако одлучите да ги испечете во тава, ќе ви треба капак.

Најважно е да ги испечете на средна температура за да не изгорат. Кога ќе се испечат подеднакво од сите страни, оставете ги на страна да се изладат.

Најсложениот чекор во овој рецепт е лупењето на пиперките. Откако ќе го завршите овој чекор, ставете ги пиперките во блендер и додадете растително масло и зачини по желба. Солта и лукот обично се главните зачини во овој рецепт, но можете да додадете и други зачини.

Слични содржини