297
Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со челниците на верските заедници денеска уште еднаш повика на масовна вакцинација на населението, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин за заштита од ширење на инфекцијата.
„ Граѓаните да одговорат на нашиот повик за вакцинација и да не дозволат никој да ги поколеба во стремежот за спасување на својот, и на животот на луѓето околу нас од оваа чума која веќе две години ни го менува начинот на нашето живеење. Убеден дека ова е најбезбедниот начин за заштита од ширење на вирусот, но и единствениот начин за спречување на ширење на инфекцијата. Затоа, ве молам вакцинирајте се“, рече Сали.