Министерот за здравство Беким Сали денеска беше прашан дали нема протокол за лекување на ковид позитивните пациенти во болниците, како што тврди Даниловски и тој одговори дека „тоа не е точно“.
Сали, истакна дека професор Даниловски, не е спремен за да се справи со реалноста.
Дополнително, министерот кажа дека за него, тој давал необјасниви и несериозни изјави, кои штетеле на општеството.
-Проткол постои тој е веќе две години.Сите здравствени институции кои имаат хоспитализирани пациенти почитуваат заеднички протокол кој е напишан од професори од Клиниката за инфективни болести. Не знам од каде ви е информацијата дека нема протокол. Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се подготвени да се справат со реалноста и даваат, за жал, необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството, рече Сали.