Колева: Мерката за самовработување обезбедува младите да започнат свој бизнис и да вработат луѓе

од Берта Китинска
255 прегледи

Владата предводена од СДСМ презема ефикасни мерки и политики кои придонесуваат за пад на невработеноста и повисок животен стандард за сите граѓани. Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување е една од мерките кои со години даваат одлични резултати во намалување на стапката на невработеност, потенцира на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„По одличната реализација минатата година, за оваа година за Оперативниот план обезбеден е рекорден буџет од 1,73 милијарди денари или 28 милиони евра, што е за 230 милиони денари повеќе отколку претходната година. Една од најатрактивните мерки од Планот, мерката за самовработување освен вработување на младите, обезбедува тие да започнат свој бизнис и да вработат дополнителен број луѓе“, нагласи таа.

Слични содржини