Премиерот Кирил Петков утре ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија.
Заедно со премиерот ќе биде и привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крастевски.
Премиерот Петков ќе учествува на настанот по завршувањето на блиц-контролата во Народното собрание.
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи на земјава Бујар Османи пак нема да присуствуваат на утрешната прослава на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Прославата е планирано да се одржи во Скопје заедно со бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Официјалното објаснување е дека министерот за надворешни работи и премиерот се во посета на странство. Засега нема информации дека некој од нив ќе се врати порано за да учествува во заедничката богослужба.
Одбележувањето ќе биде во црквата „Свети Спас“ каде се наоѓа гробот на револуционерот.
Во бугарската делегација ќе има пратеници и заменици министри.