Ковачевски: Идеалите на Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата

од Nikola Popovski
160 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација Гоце Делчев.

-Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици пред кои беше исправено прашањето за создавање на самостојна држава.

Гоце Делчев највисоко го издигна неговиот интернационален и космополитски поглед со мислата „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите”. Оваа негова порака до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти.

Идеалите и заложбите на Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, вели Ковачевски.

Слични содржини