Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски информира дека пратеничката група на најголемата опозициска партија поднесе декларација во Собранието по повод 150-годишната од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.
-Со оваа декларација натамошно го афирмираме наследството и улогата на централната личност во македонската историја. Ги повикуваме електронски медиумите во државата во текот на 2022 година да приготват пригодни содржини со кој ќе се афирмира овој јубилеј. АД Пошта во текот на 2022 да издаде поштенска марка со кој ќе се одбележи овој важен настан за македонската историја. Исто така бараме од Институтот за национална историја и МАНУ да организираат соодветни настани за одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Делчев, изјави Сајкоски на прес-конференција во Собранието.
Според Сајкоски, декларацијата ќе биде доставена и до Владата, Музејот на македонската борбата, МАНУ и Институтот за национална историја.
-Бараме поддршка од сите партии и институции, додава генсекот на ВМРО-ДПМНЕ.