Ковачевски: Во Брисел се едногласни Македонија веднаш да ги започне преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
270 прегледи

Драго ми е што средбата со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен ја заокружи нашата агенда. Од Фон дер Лајен добивме јасно изразена поддршка за нашиот пат кон Европската Унија, изјави премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на дводневната работна посета во Брисел.

Според него, лидерите на институциите на ЕУ се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за отворање на поглавјата без одлагање.

-Овде во Брисел ги известив нашите партнери од Европската Унија за напредокот што го направивме заедно со Република Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка. Јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот.

Благодарни сме и за солидарноста покажана од страна на Европската Унија за време на целата пандемија. Низ кризите си покажавме што значи да сме Европејци и што значи за Северна Македонија да има потпора во најтешките моменти, додава Ковачевски.

Премиерот уште еднаш потврди дека нашата иднина е европска, демократска и современа.

Слични содржини