Иако само што заврши зимскиот преоден рок, големите клубови веќе бараат потенцијални засилувања на лето.
Така, според англиските и шпанските медиуми, Реал, Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани во своите редови да го доведат првотимецот на Баерн Минхен, Никлас Зуле, чиј договор со Баварците истекува на лето.
Зуле освои многу трофеи во Баерн и беше вистински столб на одбраната. Сепак, германскиот репрезентативец на лето ќе го напушти клубот бидејќи му истекува договорот со германскиот шампион. Стоперот потврди дека нема да ја продолжи соработката со Баерн.
Пред се, Реал Мадрид ќе се обиде да го искористи овој факт. Потребни им се засилувања во последната линија, бидејќи неодамна ја загубија фантастичната стоперска двојка Рамос – Варан.
Од другата страна, шанса да го обезбедат потписот на Зуле чекаат англиските великани Челси и Манчестер Јунајтед.
„Сините“ на лето можат да останат без дури три стопери. На Аспиликуета, Ридигер и Кристијансен им истекуваат договорите. Значи, јасно е дека на Томас Тухел ќе му требаат засилувања во одбраната.
Што се однесува до Јунајтед, клубот од „Олд Трафорд“ има хронични проблеми со стопери кои се неубедливи оваа сезона. Извесно е дека Никлас Зуле би можел да ја „стегне“ последната линија на тимот на Ралф Рагник.
Летниот преоден рок е далеку, но трката за засилувања веќе започна.