Кузеска: Со СДСМ растат платите

од Nikola Popovski
245 прегледи

Минималната плата мора да продолжи да расте, тоа е заложба на СДСМ. Подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, особено во време на енергетска криза е приоритет. Преку економско социјален дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите ќе дојдеме до решение кое е во интерес на сите страни, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Според неа, СДСМ покажа дека е на страна на работниците, на страната на граѓаните.

-За неполни пет години успеавме минималната плата да ја зголемиме за над 6.000 денари. Односно од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.200 денари денес.

За разлика од нас, ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на минималната плата. Трајко Славевски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против зголемувањето на минималната плата. Замислете, за Славевски и ВМРО-ДПМНЕ тоа било неоправдано и нереално, обвинува Кузеска.

Слични содржини