На стадионот „Птичје Гнездо“ денеска се отворени 24. Зимските олимписки игри во Пекинг.
Македонија на овие Игри ќе има тројца спортисти, Дардан Дехари, Ставре Јада и Ана Цветановска. Првиот се појави со македонското знаме на отворањето, додека другите двајца натпреварувачи свечената церемонија ја проследија од Олимпиското село, заради контакт со позитивно лице на Ковид-19.
Македонските претставници ќе се натпреваруваа во алпско и нордиско скијање. Дехари ќе настапи во трките во слалом и велеслалом на 13. и 16.февруари, Цветановска ќе настапи на 7,5км слободно + 7,5км скијатлон на 5.февруари и 10км класично на 10.февруари, а Јада ќе се натпреварува во крос кантри ќе се натпреварува во дисциплините, спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно, на 8. и 19.февруари.
На ЗОИ ќе учествуваат речиси 3.000 спортисти од 90 земји во светот, тие за медали ќе се борат во 109 дисциплини.