Синдикалците порачаа: Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите

од Берта Китинска
377 прегледи

Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот, порачаа синдикалците кои денеска излегоа на протест.

Тие најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18 000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики.

На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.

Првиот синдикалец, Дарко Димовски ги повторни нивните барања и нагласи дека ако во 16:00 часот не се одговори на барањата ќе се стапи во масовен штрајк.

Слични содржини