Димовски: Работодавачите и газдите гледаат да украдат од работникот за тие да ја имаат удобноста

од Берта Китинска
292 прегледи

Анализата која ја направивме со професорите по параметри земени од владата кои не се правени по порачка како некои што би рекле, укажуваат дека е потребно минималната палта да се зголеми за да ги покријат трошоците на еден работник, а со тоа тој ќе биде попродуктивен на работното место, вели во Топ Тема, првиот синдикалец, Дарко Димовски.

-Платата треба да ги покрие потребите кои сега ги има работникот за да го преживее месецот, а тоа е 18.000 илјади денари плата.Ние со законското решение се штитиме и велиме таа да не биде помала од 60 отсто дека треба да ја следи просечната плата односно нејзиниот раст,не се согласуваме во усогласувањето на минималната плата да се избрише порастот на просечната плата затоа што голем број на работници си одат од земјата баш поради овие причини, бидејќи работодавачите и газдите гледаат од секој дел да украдат од работникот за тие да ја имаат удобноста што ја имаат години наназад, велат Димовски.

Слични содржини