Победничка на вечерашниот натпревар за претставник на Евровизија е младата пејачката Адреа. Настанот се емитуваше на МРТ1, а во Торино Андреа ќе ја пее песната „Circles“.
-Нема да ве разочараме, ќе ја оправдаме довербата, ни порача Адреа со нејзиниот волшебен глас.
Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.
Во гласањето беше вклучено стручно жири од Малта, Израел, Грузија, Исланд и Ерменија, односно луѓе кои биле членови во евровизиските делегации на нивните земји. Она кое беше збунувачки за гледачите беше тоа што кандидатите кои добиваа најмалку поени од стручното жири, всушност се рангираа како најдобри, односно еден поен значеше најмногу бодови, додека шест поени значеа најмалку бодови.